Села побара техничка влада: Ги повикувам лидерите на сите партии да седнат и да се договорат

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за меѓународниот „ЕУ обсервер", зборуваше за уставните измени во парламентот и апелираше до политичките партии да се обединат и да го отворат патот за формирање на техничка влада.

„Ги повикувам сите лидери на политичките партии да седнат заедно и да постигнат договор, така што новиот устав ќе ги адресира овие проблеми во вистински европски дух. Ова ќе го отвори патот за воспоставување на техничка влада која има легитимитет, како и кредибилитет за измена на уставот пред да одат на предвремени избори ", изјави Села.

Во изјавата за процесот на интеграција на Македонија во Европската унија, Села истакна дека аспирациите на земјата треба да се базираат на културната и јазичната разновидност, како и на доброто владеење без политичари вклучени во кривичните предмети.

„Брисел треба да им даде јасно до знаење дека културната и јазичната разновидност е суштината на европскиот проект, исто како доброто владеење и одговорноста. Ова значи дека процесот на европска интеграција на Македонија не треба да биде предводена од страна на политичарите кои се под истрага за корупција или се потпираат на пратеници- терористи кои бараат амнестија ", рече Села.

Тој смета дека Унгарија треба веднаш да го екстрадира поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2018 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега