Јанушев: СДСМ ќе замине во историјата, а оваа Влада ќе биде прогласена за убедливо најнеспособна

Кога станува збор за мерењето на рејтинзите и анкетите, не толку далеку, голем дел од луѓето кои се занимаваат со оваа проблематика прогнозираа дека референдумот ќе биде успешен, дека ќе излезат огромна бројка на луѓе. Во овој момент анкетите и бројките не ни значат ништо.

Ни значи тоа што го гледаме кај граѓаните на Република Македонија бидејќи секојдневно сме со народот. Се чувствува атмосферата дека СДСМ тоне и не работи ништо, владата предводена од Заев буквално нема ништо направе но и тоа се гледа кај луѓето. Се гледа кај обичниот народ, кај бизнисмените, во администрацијата, буквално секаде. Од тоа што можеме да го почувствуваме од граѓаните е дека СДСМ тоне и ќе замине во историјата, а оваа Влада ќе биде прогласена за убедливо најнеспособната влада што некогаш Македонија ја имала, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервју за Курир.

Во врска со претресот на возилата на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, при потрагата на екс премиерот Никола Груевски, Јанушев вели дека Целиот проблем лежи во тоа што власта, пред се Заев и Оливер Спасовски веројатно знаеле каде е Груевски, знаеле што се случува, а одбраа да го прават тој циркуз токму пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со една полициска опсада, каде медиумите беа известени.

-Не само јас, десетици други луѓе беа запирани, претресувани и легитимирани, а за тоа време Груевски не ни бил во државата. Да кажеме дека сето тоа се правело без некоја причина или знаење е надвор од здравиот разум. Мислам дека вистинското прашање лежи токму кај Заев и Спасовски и тие се оние кои треба да одговорат зошто дозволија да се случи такво нешто, вели Јанушев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2018 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега