Рецепт за вкусни посни сармички за утрешниот празник

Направете вкусни посни сарми за утрешниот голем празник Свети Архангел Михаил.

Ви требаат зелка, ориз, сол и црвен пипер, масло.

Оризот, солта, црвениот пипер и маслото се мешаат заедно, а листовите зелка се сечат.

 Со мало лажиче се зема од филот  и се виткаат мали сармички и се стегнуваат со рака за да бидат цврсти и во варењето да не се растурат.

 На дното од тенџерето се ставаат листови од зелка. Врз нив се редат сармичките во круг. Кога ќе се исполни првиот ред, врз сармичките се става 100 мл масло, 2 лажици црвен пипер и малку црн пипер.

Потоа се реди вториот ред и пак врз нив се става масло, црн и црвен пипер. На крај се ставаат листови од зелката.

 Сармите се полеваат со вода и 2 чаши расолница и се крчкаат на 180 степени 3-4 часа.

 

 

 

 

20.11.2018 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега