СДСМ: Владата предводена од СДСМ континуирано вложува во унапредување на образованието

11  години ВМРО-ДПМНЕ не водеше сметка за студентите, Владата предводена од СДСМ континуирано вложува во унапредување на образованието

Со 11 годишното расипничко и криминално владеење на лидерите во лажење, ВМРО-ДПМНЕ го уназадија секој сегмент од општеството, а преку погрешните политики и криминалните интереси, целосно го урнисаа образованието. Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ  не ги интересираа учениците и професорите, а најмалку им беше битно во какви услови  живеат студентите.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука континуирано да инвестираат  во унапредувањето на образовната инфраструктура со цел квалитетна реализација на воспитно образовниот процес.

Со предлог буџетот за 2019 година, за образованието, детската заштита и спортот предвидени се капитални инвестиции во износ од околу 2,8 милијарди денари, кои се наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите и инвестиции во спортска инфраструктура.

Владата предводена од СДСМ се грижи за студентите и условите во кои живеат. Блоковите В и Г во студентскиот дом Гоце Делчев се во завршна фаза на реновирање, со што студентите добиваат пристојно сместување коешто долги години беше под границата на пристојност, а истовремено реновинарни се десетици училишта и училишни сали.

Младите, вклучително и студентите и средношколците остануваат врвен приоритет за владата предводена од СДСМ која продолжува со мерките кои овозможуваат поквалитетен студентски живот, повисок студентски стандард и создавање на квалитетни младински политики што se во инстерес на младите лица.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА НА  СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

19.11.2018 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега