Нови правила на Евровизија

 

Организаторите на натпреварот за песна на Евровизија објавија дека правилата за натреварот ќе бидат изменети, почнувајќи од следното издание на тој музички напревар што ќе се одржи во 2014 година во Копехаген.

За првпат имињата на членовите на националните жири-комисии ќе бидат познати пред натпреварот, а веднаш по финалето ќе биде објавено како гласал секој член на жирито поединечно, јави Би-Би-Си.

Измените следуваат откако се појавија гласини за наводно купување гласови за азербејџанскиот кандидат оваа година. Минатата недела Хрватска објави дека нема да учествува следната година заради финансиски причини. Тоа е шеста држава која потврдува дека нема да учествува во Копенхаген во 2014 година

23.09.2013 - 21:24

најчитано сега