Валенсија ја победи Севиља
Со победата над Севиља, Валенсија ја прекина серијата од четири порази по ред.
Во претпоследниот меч од шестото коло популарните „Лилјаци“од шпанската Примера го совладаа „фенерџијата“ Севиља со 3:1 благодарејќи на головите на Жонас и Руиз.
Жонас во 32-та минута и донесе предност на Валенсија, но дваесет минути подоцна Гамеиро израмни на 1:1.
Со својот втор гол на мечот Жонас во 73-тата минута повторно му носи предност на домашниот тим овој пат од 2:1, а точка на победата на Валенсија стави Руиз во 82-та минута.
По шест одиграни кола Валенсија има освоено шест бодови, што секако не е според очекувањата на раководството на тимот па се чини дека оваа победа само за момент ќе го спаси од отказ тренерот Мирослав Џукиќ.
23.09.2013 - 11:13