Одиграно првото коло од ракометната Лига на шампиони
Новата сезона во ракометната Лига на шампиони почна поволни за нашиот шампион и вицешампион. Во првото коло успеавме да стигнеме до победа и нерешен резултат.
Вардар дома со фаворитот број 1 за шампионската титула Барселона одигра нерешено 29:29, додека Металург го победи Вакер Тун со 23:22.
Третиот натпревар во групата Ц заврши со победа на ПСЖ врз Динамо Минск 34:30.
Во другите натпревари беа постигнати следните резултати:
А група: Рајн Некар Ловен - Мотор 31:31, Санкт Петербург - Веспрем 15:28 и Загреб КО - Цеље 24:21.
Б група: Висла-Кил 33:34, Колдинг - Порто 25:20 и Висла - Данкерк 33:23.
Д група: Ла Риоха - Хамбург 24:33, Горење - Халмштад 35:33 и Флензбург - Алборг 31:27.
Во следното коло Вардар игра против Динамо Минск на гости, додека Металург го пречекува тимот на ПСЖ.