После само два дена iOS7 го симна Андроид од престолот

 

Новиот оперативен систем на „Apple“, iOS7, кој е достапен само два дена, веќе го користат повеќе уреди, отколку последната верзија на Google, оперативниот систем Android.

Според последните податоци околу 13 проценти од корисниците на Apple веќе го имаат iOS7 на своите уреди, додека пак последната верзија на „Android Jelly Bean“ , која е достапна од 24 јули, ја имаат инсталирано само 8,5 проценти.

Познато е дека „Apple“ оперативните системи имаат традиција на брзо прифаќање, па така iOS6 во првиот месец  го прифатиле дури 63 проценти од корисниците.

 

После претставувањето на новиот IOS7 серверите на компанијата синоќа се преоптовариле, па ги оставија дел од корисниците без можност да го преземат овој систем.

22.09.2013 - 12:26

најчитано сега