Тешка сообраќајка: Македонски автобус се судри во камион во Австрија - 9 лица повредени

Тешка сообраќајка се случила утринава во 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Во сообраќајката учествувале македонски автобус и товарен камион, при што со повреди се здобиле 9 патници. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре, пренесе СДК.мк.

Во автобусот имало вкупно 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Повредените се згрижени во болница, а поради несреќата утринава беше затворен и автопатот кон Линц.

Во македонското Министерство за надворешни работи сè уште немаат податоци за сообраќајката, но велат дека ќе проверат.

 

 

 

11.10.2018 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега