Рангелова за БИРН: Изолирана партија е партија без иднина

„Моменталната актуелна состојба во партијата зборува за одредени дисонантни тонови во контекст на идната поставеност на партијата, кои се движат од радикално десни позиции до централно десни позиции, но се надевам и верувам дека за кратко време состојбата ќе биде искристализирано чиста, особено ако се земе предвид дека нашата партија во фокус ја има евроантлантската интеграција и ова веќе одамна е апсолвирано прашање и не ни помислувам на друга опција“, вели актуелната претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Даниела Рангелова во интервју за БИРН.

Рангелова вели дека во овој момент единствено ја загрижуваат пораките што секојдневно пристигаат на нивна адреса, а тоа се јасни и недвосмислени пораки од Европската народна партија, „затоа што нашите патишта треба да се спојуваат на европскиот пат, а не да се разединуваат“.

„Изолирана партија е партија без иднина“, вели Рангелова.

 

 

 

11.10.2018 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега