Ѓорѓиевски: Овој договор е правно и политички мртов, Заев нема легитимитет да влегува во процес на уставни измени

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во Алфа телевизија посочи дека Зоран Заев нема никаков легитимитет да влегува во процес на уставни измени.

Тој истакна дека Договорот од Преспа е правно и политички мртов поради фактот што огромно мнозинство од македонските граѓаните не го прифатија.

Ѓорѓиевски напомена дека над 1,2 милиони граѓани во Република Македонија го негираат овој договор и истиот не го прифаќаат.

-Најпрво треба да се земе во предвид дека Зоран Заев нема легитимитет да влегува во ваков процес на уставни измени. Од друга страна после 30-ти септември денот на изјаснувањето на нашите граѓаните на референдумот, овој договор кој што Зоран Заев во стилот на ,,оne men show’’ го склучи со нашиот јужен сосед е правно и политички мртов и како таков истиот не наиде на прифаќање на мнозинството граѓаните во Република Македонија. Ние знаеме дека мнозинството граѓани, поточно над 1,2 милиони граѓаните на Република Македонија го негираат овој договор, истиот не го прифатија и како таков, повторно ќе повторам Зоран Заев нема легитимитет после јасниот сигнал на 30-ти септември да влегува во некоја игра што ќе значи обид за вршење на уставни измени во Република Македонија, истакна Ѓорѓиевски .

 

 

 

10.10.2018 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега