Јаде брзо, и го финансира своето студирање

 

Со учество на натпревари за брзо јадење, американецот Ерик Дал своето студирање го финансира.

Овој студент по компјутерски инженеринг моментно го зазема третото место во светот во брзо јадење, а со победите на разни натпревари досега заработил повеќе од 18.000 долари.

„Јадам поради своето образование“, вели тој  во шега.

Овој необичен талент тој го открил во 2011 година кога како гостин во еден ресторан во Висконсин се пријавил за помалку од 10 минути да изеде 1,3 килограми тежок сендвич за да не мора да ја плати сметката. Момчето сендвичот го изел за само пет минути и 50 секунди.

  Дал објаснува дека пешачи по неколку километри дневно, крева тегови двапати неделно и игра фудбал и хокеј за да ја одржи својата тежина од 99 килограми. Не внесува повеќе од 3.100 калории дневно, а јаде главно зеленчук за да не се здебели во струкот.

21.09.2013 - 11:57

најчитано сега