Уште една средба на турските и македонските компании

 

Делеегацијата од 20-тина турски компании која е во посета на Македонија, продолжува да воспоставува делови контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

Во земјава пристигнаа турски компании од oбласта на земјоделие и прехранбена индустрија, недвижности, производство на мебел, земјоделска механизација, градежништво, текстил и друго. Поради нивната заинтересираност за средба со македонските компании, Стопанската комора на Македонија организира и деловни средби заради зголемување на бизнис-релациите меѓу двете држави, како и идентификување нови можности и алатки за соработка.

По завршувањето на официјалниот дел ќе бидат организирани деловни средби меѓу македонски и турски компании, со можност за започнување успешна деловна соработка. 

20.09.2013 - 09:07
Фото: 
миа

најчитано сега