ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ распиша референдум за бришење на македонскиoт идентитет
За Зоран Заев, Договорот од Нивици е веќе е во сила. Тој очигледно не смее да употреби Република Македонија, а наместо Солун, вели Тесалоники. И тоа среде Република Македонија на партиски митинг, пред македонски граѓани. Ова повеќе не се митинзи, ова е обид за континуирано перење на мозоците и бришење на се што потсетува на Македонија и нејзината историја! - вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилоковски.
„Ниту Заев ниту неговата свита распослана во оваа брутална задача за бришење на колективната меморија и лажни убедувања, не ја кажуваат суштината заради која и го распишаа референдумот, а тоа е бришењето на македонскиот идентитет.
Заев уште од сега го брише институционалниот идентитет, имињата на институциите преку кои граѓаните се идентификуваат и го црпат личниот идентитет како Македонци!
Парите од буџетот се трошат за Заев да го рекламира Тесалоники наместо Солун! Заев во своите настапи не употребува Република Македонија, Заев не употребува Солун, Заев бега од одговор чие е Илинденското востание!
Што е поголем доказ од ова дека се работи за капитулантски договор, во кој Членот 8 значи континуирано бришење и ревидирање на македонската историјата, археологија, образование, посебноста, континуитетот.
Индиректно со употребата на Тесалоники наместо Солун Заев потврдува дека согласно капитулантскиот договор, Грција ќе може да ја блокира интеграцијата во Европската Унија на секој иден чекор доколку не се сложиме на тоа дека сме народ без корен, држава без историја.
Солун останува Солун за сите, за Србите, за Бугарите, само не за Заев, а по договорот ниту за Македонците меѓу кои многумина влечат директни корени од Солун и актуелниот северен дел на Хеленската Република.
Власта која со сите можни злоупотреби кои сега на сила си ги стави на располагање, рекламира европски вредности, а никаде ја нема да одговори за она што е должна.
Почитувани, нема иднина без минато, ниту интеграции со криминал и корупција. А ниту иднина ниту интеграции со капитулација. Европските вредности не се прашање на референдумот. Власта е должна вистински да одговори за прашањето кое го поставува пред вас, гласачите, да одговори за содржината и последиците од капитулантскиот договор. Се друго, е манипулација и злоупотреба за поткуп на вашето гласачко право.“ - вели Стоилковски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа