ФОТО: Хрватската пејачка Јелена Розга осамна на популарен порно сајт

 

Провокативни фотографии од пејачката Јелена Розга се појавија на еден порно сајт. Некои шпекулираат дека една од фотографиите е дело на фотомонтажа, но Јелена не е воопшто среќна поради тоа.

rozga2

Како што открива извор близок до пејачката, таа не можела да верува каде се наоѓале нејзините фотографии.

„Никој не очекуваше дека нејзини фотографии ќе се најдат на порно сајт, затоа што таа отсекогаш беше дама. Никогаш не би се фотографирала гола, иако еднаш кога го направи тоа беше со стил и со крајна цел. Соработуваше со еден сериозен магазин, а темата беше за зачувување на планетата, додека интимните делови беа заштитени.Порно сајтот не е нејзин стил, а некој сакал да ѝ наштети“, кажува за српскиот магазин „Ало!“ извор близок до пејчката и додава:

„Кога ги виде фотографиите и кога сфати дека секој може да ги гледа, беше навистина бесна и сакаше веднаш да дознае кој ѝ го мести ова. Меѓутоа, откако одмори и се смири, сфати дека тоа не е ништо страшно и дека ѝ годи што некој мисли дека е толку згодна за да биде на тој сајт. Фотографиите се провокативни, но на нив таа не е воопшто нападна, ниту непристојна, па одлучи да не крева прашина околу тоа. Единствено нешто што ѝ смета е дека веднаш почнаа да ја споредуваат со Северина и што кружат разговори дека сама ги објавила фотографиите, затоа што нема ниту еден хит во последно време. Тоа апсолутно не е вистина“, открива изворот.

 

 

 

31.08.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега