Вечерва стартува ракометната Лига на шампиони
Вечерва стартуваат мечевите од Лигата на шампиони во ракомет. Лигата ќе ја отворат тимовите од А групата во која настапуваат Санкт Петербург, Веспрем, Рајн Некар Ловен и Мотор Запорожје. Рускиот претставник ќе ги измери силите со унгарскиот шампион, додека буднеслигашкиот претставник ќе се сретне со украинците. Санкт Петербург е единствениот руски тим кој што настапува на шампионатот.
Вардар и Металург кои настапуваат во Ц групата своите мечеви ќе ги играат во сабота. Црвено-Црните ќе се пресметаат со европскиот вицепрвак Барселона во кој настапува и нашиот најдобар репрезентативец Кире Лазаров, а Металург ќе се сретне на гостински терен во Швајцарија со Вакер Тун.
Натпреварите од Б групата се играат во недела, а двојките се: Висла - Кил, Колдинг - Порто и Киелце - Данкерк.
Европскиот шампион Хамбург во рамките на групата Д во 1.коло во сабота гостува кај Ла Риоха, истиот ден Горење е домаќин на Халмштад, а во недела на програмата е дуелот Флензбург - Алборг.