Ако помине референдумот БЕСА ќе има свои барања за уставни измени

 

Портпаролот на движењето БЕСА за тв21 вели дека ќе се мобилизираат со цел референдумот да биде успешен. Меѓутоа додаде дека Движење Беса ќе има свои барања кога ќе дојде времето за уставните промени.

„И ние имаме свои забелешки во врска со договорот меѓу Македонија и Грција, но овие забелешки ќе ги адресираме во потребниот момент, до соодветните политичари, значи до премиерот Заев, во моментот кога ќе се отвори Уставот на Република Македонија, каде ќе побараме терминот 20% во Уставот да се смени со албански јазик и Албанци“, рече портпаролот на БЕСА.

 

 

 

 

25.08.2018 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега