Навивачите му бараат девојка за да остане во тимот!

 

Навивачите на Севиља се обидуваат да му најдат девојка на германскиот репрезентативец Марко Марин , надевајќи се дека така ќе остане во клубот и по за вршувањето на позајмицата.

Тие бараат некоја Шпањолка која ќе успее да го натера да не се враќа назад во Челзи. Тие дури им дале совет на раководството на Севиља да не се грижат да најдат нов дефанзивец , туку да се пуштат во потрага по вереница за Марко Марин.

Двесет и четири годишниот играч ова лето од Челзи се пресели во Севиља на позајмица.

- „Тој е неверојатно талентиран и неверојатно брз. Марин е играч кој многу придонесува за нашиот тим“, изјавил тренерот Унаи Емери.

Сепак медиумите наведуваат дека Севиља ќе се обиде да го задржи Марин и покрај тоа што двата клуба при договорот за позајмица не се договориле за можноста да бидат откупени правата врз овој играч.

19.09.2013 - 10:20

најчитано сега