Стоилковски: Да се поништат тендерите за цвеќе и кафе од 700.000 евра, со парите купете амбулантни возила
Човек треба да биде опериран од чувства и да нема грам совест за да не му преседне службеното функционерско кафе, додека ги чита набавките на еспреса и цвеќиња вредни над 700.000, додека животи на деца висат на конец заради тоа што државата се премислува дали да одвои евро повеќе за лекување во странство!
Секој, повторувам секој владин функционер со малку етичност и човечност во себе ќе побара ваквите тендери за луксуз да се поништат. Се друго е затворање во балонот од сапуница наречен „животот дојде!“
Почитувани,
Власта бега од одговор велејќи дека 660.000 евра е само проценка, што значи дека сумата може да оди и нагоре!
Ќе повториме власта издвојува 660.000 евра за цвеќиња во владините сараи! Во тие сараи ќе се пијат еспреса и капучина од 45 илјади евра! Во тој балон од сапуница, кланот на власт мора да ужива на грбот и несреќата на граѓаните. Нема 500-евра минимална плата, нема 100 илјади денари за докторите, нема јавно здравство, нема пласман за земјоделците, нема напредок во науката и образованието.
Има продажба на националните и државните интереси, крвави тендери, наместени пари од фондови, партиски времени вработувања, економија закована на дното!
Почитувани,
Овие тендери за разубавување на амбиентот за пиење на кафиња се случуваат само како последица на расипнички тендери во здравството, местени грантови од државни фондови за фирмите на партискиот клан, претворање на полицијата во МВР-ТУРС. Владин министер како самиот на себе си вели „Потребна е едукација на доктори, соодветна опрема, нови болници, подобри услуги“, додека по втор пат турка тендер вреден 36 милиони евра за однапред пропаднат проект. Истиот тој застана зад одлуката за цвеќиња и кафиња, со критериум „најевтина понуда“.
Почитувани,
Главен критериум во овој случај треба да биде има или не потреба, дали е етички или не? Овие два расипнички тендери веднаш мора да бидат повлечени и поништени. Заев, Шекеринска, Анѓушев, Спасовски, Филипче и другите од картелот на власт не заслужуваат цвеќиња и кафиња од 700.000 евра, додека болните чекаат медицински третман собирајќи пари од донации.
Ваквото расипништво заслужува само едно - што поскоро да биде жестоко казнето!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа