СДСМ: За Мицкоски граѓаните се статистичка грешка

СДСМ денеска реагираше на интервјуто на Мицкоски за Сител.

Несериозноста и антидржавното однесување на Христијан Мицкоски отидоа дотаму што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ јавно изјави дека за него граѓаните се статистичка грешка. 

Граѓаните не се и нема да бидат некаква грешка, како што вели Мицкоски. Граѓаните се најважни, тие се на прво место.

Мицкоски како да сака да се натпреварува со деструктивниот блок на политичката цена кој е против напредокот на Македонија и ченството во НАТО и ЕУ, блок којшто сака да ја закочи македонската иднина. 

Која е причината што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат став за најважното прашање за македонската иднина?

Дали се против НАТО и ЕУ?

Мицкоски треба да знае дека огромното мнозинство граѓани се цврсто определени за напредок, интеграција и обезбедена македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Му се допаѓало тоа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го имаат последниот збор, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.

На референдумот на 30 септември граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина, ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат и загарантиран македонски идентитет.

 

 

 

24.08.2018 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега