ВИДЕО: Се капеше топлес во Грција - сите чекаа да излезе од вода
Елизабет Харли се одмора во Грција, што особено ги радува дел од нејзините фанови, бидејќи знаат дека можат да очекуваат фотографии во бикини.
Преубавата 53-годишна актерка и манекенка, ниту овој пат не ги разочара.
Имено, на Инстаграм објавила снимка како во топлес излегува од базен, а со неа се пошегувала дека со пливање се обидува да ги потроши калориите. Снимката за помалку од 12 часа ја прегледале повеќе оод 400 илјади луѓе, а ќе ви стане јасно зошто е тоа така, кога ќе ја погледнете и вие.
Нејзините фанови веднаш ја преплавиле со "лајкови" и епитети, на сметка на нејзината линија.
Британската убавица, одморот на Медитеранот го користи како совршена прилика за промовирање на својот успешен бренд за костими за капење - "Elizabeth Hurley Beach".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа