ВМРО-ДПМНЕ: 20.000 тони сливи од цела држава скапуваат по нивите, а Заев и Николовски мува не ги лази

СДСМ расипнички управува со парите на граѓаните, несразмерно и неосновано се задолжува, а притоа целото стопанство пропаѓа. Земјоделието е гранка која најмногу трпи штета од неспособноста на власта предводена од Зоран Заев. Откако СДСМ е на власт нема земјоделска култура која имаше непречен откуп. Во изминатиов период откуп немаше за  оризот, доматите, бостанот, праските, пченицата, а сега нема  и за  сливите. Илјадници земјоделци не знаат како да ја преживеат годината, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-20.000 тони слива од цела држава скапуваат по нивите, а Заев и Николовски мува не ги лази.  За штетите во земјоделието главен виновник е СДСМ и нивната неспособност да обезбедат откуп. Зоран Заев од опозиција ветуваше обезбеден откуп и загарантирана цена, тој им ветуваше на земјоделците дека ќе донесе откупувачи кои ќе се тепаат кој повеќе да откупи, сега не само што не се тепаат, туку откуп нема. Зоран Заев ги излажа земјоделците. Илјадници земјоделци мака мачат што да прават со родот и како да ја преживеат годината. Доколку не го продадад годинешниот род под знак прашање се става и нивната производствена способност за идната година. Последиците кои ќе прозлезат од откупната криза оваа година ќе имаат далекусежни последици. Зоран Заев и СДСМ се директно одговорни за сите последици кои ќе настанат како резултат на кризата со откупот. Зоран Заев и СДСМ се неспособни да управуваат со земјоделието и државата воопшто. Земјоделците и сите граѓани во Република Македонија не се должни да ја трпат неспособноста на власта. СДСМ мора да  си замине, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

23.08.2018 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега