ВМРО-ДПМНЕ: Градот Скопје има еден најголем проблем, тој се вика неспособниот Петре Шилегов

Градот Скопје има еден главен најголем проблем. Тоа се вика неспособниот Петре Шилегов. Кога Петре Шилегов како најбогат градоначалник во регионот не би бил толку посветен на трупање на личното богатство и да се насочи кон реалните проблеми на Градот Скопје би било подобро место за живеење, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дадена по интервјуто на Шилегов за МИА.

-Имаме градонацалник кој за жал служи за потсмев. Тој обично прскање против комарци го претвори во епска битка која за жал ја плаќаат скопјани. Таа битка против комарците ја загуби затоа што ангазираше фирма чија единствена претходна дејност била вакциниранце лисици. Несоодветните и помали авиони не се компатибилни за обавување на прскање против комарци, и досега ниту еднаш претходно истите не биле употребени. Тоа е она што го крие Шилегов од јавноста и на тоа се должи неговиот неуспех. Шилегов не може да ја затскрие своја неспособност ни со милион интервјуа и правдања пред граѓаните за неработата и неодговорноста при управувањето со Градот Скопје како да се започнало од него, стои во реакцијата и се додава:

„10 месеци Шилегов е градоначалник, а не може да се справи со кучињата скитници, кои напаѓаат и трауматизираат луѓе. Градските власти целосно потфрлија во третирањето и стационирањето на кучињата скитници. 10 месеци Градот нема отпочнато ниту еден нов инфраструктурен проект. Градот стагнира со Шилегов на чело. Проектот Скопје велоград е проект на претходната градска администрација, Шилегов само продолжува веќе трасиран проект. Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на градот, но дефинитивно ќе остане запаметен како градоначалник кој со труби отвораше автобуска постројка, пушташе стари видеа од прскање на комарци и 10 месеци неможеше да се справи со кучињата скитници. СДСМ го уништува градот, Скопје пропаѓа со Шилегов на чело.“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

17.08.2018 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега