СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува несреќен случај

ВМРО-ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува дури и несреќен случај кој за чудо завршил без човечки жртви, реагира СДСМ по обвинувањата од страна на опозицијата за возило на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство кое минатиот месец, направило сообраќајна незгода.

„Министерството за земјоделство веќе ги демантирше лагите и конструкциите изнесени на порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот. Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од минстерот и со тоа законски управувало со возилото. Второ, деталите за несреќата се објавени во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ дека не се“, се вели во реакцијата на СДСМ.


Социјалдемократскиот сојуз додава дека е срамно, ниско и недозволиво поигрувањето со човечки животи и злоупотреба на несреќен случај за политички манипулации со јавноста.

 

 

 

17.08.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега