„Глас за Македонија“: Илјадници партиски војници на ДУИ ќе бидат вработени само за да го поддржат референдумот

Со каква економија и со чии пари, Заев и Ахмети тргнале масовно да вработуваат непотребни партиски кадри пред најавениот референдум, прашуваат преку соопштение од партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева, од каде додаваат дека станува збор за скандал од невидени размери.

Според „Глас за Македонија“, администрацијата, за која бившата опозиција тврдеше дека е непотребно голема и во функција на изборен инженеринг, сега вртоглаво се зголемува.


„Ахмети не крие дека илјадници партиски војници на ДУИ ќе бидат вработени само за поддршка на референдумот. Тоа е организиран и дрзок поткуп и грабеж на наши пари. Како што се поткуп и парите кои им се делат на нивни медиуми за чиста и вулгарна пропаганда. Ова е се, само не е нормална и функционална држава. ‘Животот’ дојде само за партиската војска“, стои во партиското соопштение.

Воедно, од „Глас за Македонија“ додаваат дека овој тип на владеење не само што не припаѓа во цивилизираниот свет, туку нè влечка надолу кон стандардите на најзаостанатите Африкански земји.

„Нивните вредности се вредности на дрски криминалци и манипуланти и ништо повеќе од тоа. Земјата со чие име тргуваат, е опустошена по секоја основа. Не постои ниту една независна и професионална институција како сервис на граѓаните“, сметаат од партијата на Грчева.

 

 

 

 

17.08.2018 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега