СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ е против членството во НАТО

Хистеријата на секојдневно ширење лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со напредокот на Република Македонија кон НАТО говори многу, велат од СДСМ .

“Цела Македонија се радуваше и излезе да прослави за убавата вест, покана за членство на Македонија во НАТО, само ВМРО-ДПМНЕ не се израдува. Континуирано во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, класични лажни вести, кои директно или индиректно се поврзани со напредокот на Македонија и членството во НАТО. После сета хистерија прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ е против членството на Македонија во НАТО?', прашуваат од СДСМ и додаваат:

„Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се целосно демантирани. Владата објави целосен извештај за прославата „Одиме напред-Македонија во НАТО и ЕУ“ и јавноста ги знае сите детали околу целокупните трошоци, реализирани во законска и транспарентна постапка.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може да учи како се работи транспарентно, одговорно и отчетно.

Во времето на режимот цветаа „дил ориентед“ зделките, провизиите од милионски суми само за еден пат, рајските шеми за испумпување на парите на граѓаните, офф – шор компании, никој не знаеше каде завршуваа парите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена по тоа што доделуваше тендери од милиони евра на компании блиски до партијата, кои дури не ги ни завршуваа работите за кои беа ангажирани. Тендерите не беа објавувани на сајтот на Бирото за јавни набавки, а објавувањето на трошоците на функционерите за ВМРО-ДПМНЕ беше научна фантастика.

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со степенот на транспарентност на владата предводена од СДСМ и одговорниот однос кон парите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

16.08.2018 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега