ВМРО-ДПМНЕ: Заради Сугарески и СДСМ граѓаните на Македонија повеќе немаат евтини летови

Сугарески  со ниту една прес конференција  и обвинување нема да избега од фактот дека токму тие ги оставија граѓаните без евтините летови на Wizz air. Заради Сугарески и СДСМ граѓаните на Република Македонија  повеќе немаат евтини летови до светските метрополи, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Горан Сугаревски.

„Повеќе од една година како се на власт СДСМ сами создаваат  скандали, а откако јавноста ќе се крене на нозе, власта со релативизирање на сопствените скандали се обидува да ги смири тензиите и да ги изманипулира граѓаните“, обинуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Сугарески и СДСМ мораа да смислуваат смешни изговори, за да ги оправдаат само нив познатите причини зошто тендерот е прекинат и не е разгледана комплетната документација на Wizz air.

 

Дали картелот на власт на овој начин се обидува да ја уцени компанијата и да извлече некоја материјална корист за своите криминогени структури?

Граѓаните станаа жртва на расипничкото и криминално донесување на СДСМ, која со нејзиното однесување се повеќе по нивните џебови, а државата наместо во ЕУ и НАТО секојдневно ја уназадува.

Граѓаните не заслужуваат власт која работи спротивно на нивните интереси. Република Македонија и граѓаните ќе победат“, стои во соопштението на партијата.

              

 

 

 

14.08.2018 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега