ВМРО-ДПМНЕ: Ниту едно алиби соопштение на СДСМ нема да го покријат штетниот договор со Грција

„Ниту едно алиби соопштение на СДСМ нема да го покријат или оправдаат капитулантското дело на Зоран Заев изразено преку штетниот договор со Грција. ВМРО-ДПМНЕ единствено одговара пред граѓаните на Република Македонија и се води согласно нивните интереси“ одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на денешните прозивки од владејачката СДСМ.

„СДСМ и Зоран Заев треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде изговор за втурнувањето на државата во ќорсокакот во кој сега се наоѓаме како земја и за економската и општествена катастрофа во која се наоѓаме. Совршено јасно е дека Зоран Заев не може да донесе европска иднина на државата, затоа што европска иднина нема со криминал корупција наместени тендери, политички процеси“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму со став дека „Нема иднина со корупција констатирана од ЕУ и мултиплицирана сиромаштија. Единствено што направи оваа клептоманска владејачка структура е осиромашување на државата и народот и поигрување со достоинството и честа на граѓаните“.

 

 

 

11.08.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега