Прилепчанец се бори за живот на скопскиот Ургентен - крвнички го претепале двајца насилници

 

39 годишниот прилепчанец Н.М. заврши на Ургентниот центар во Скопје, откако двајца насилници крвнички го претепале.

Ноќеска во 3:30 часот, прилепчанецот со тешки телесни повреди бил пренесен во Медицински центар Кичево. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар Скопје. 

Според исказот на прилепчанецот, ноќеска околу 3 часот во Кичево, тој бил физички нападнат од страна на две непознати лица, кои го удирале со метален бокс.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

 

најчитано сега