Македонските борачи се враќаат дома - заврши нивниот настап на СП во Будимпешта
Македонските борачи Дејан Богданов и Дејан Митров по само една борба го завршија својот настап на Светското првенство во борење во слободен стил во Будимпешта.
Во категоријата до 84 килограми, Богданов загуби во 16-финалето од Швајцарецот Марко Лукас Рисен со 4:1 на поени, а бидејќи Рисен загуби во следното коло, Богданов немаше шанса за настап во репасажот.
Во категоријата до 66 килограми, Дејан Митров беше поразен од Руслан Плиев од Узбекистан со 7:0 на поени, а исто како и Богданов неговиот противник загуби во следното коло и со тоа му стави крај на настапот на нашиот борач.
Богданов и Митров освоија медали на Медитеранските игри летово во Мерсин, Турција.
18.09.2013 - 09:53
Фото:
Нова Македонија