Рокади на голманите во македонските ракометни клубови
Заминувањето на Петар Ангелов од таборот на Металург во најголемиот ривал Вардар го најави почетокот на рокадите на неколку голмански места кај македонските ракометни клубови пренесува „Екипа“.
Со трансферот во Вардар Англеов се надева дека во периодот од почетокот на ЕП 2014 во Данска, ќе стигне до посакуваната форма за да се најде на списокот на селекторот Обрван во националниот тим. Од друга страна пак тимот на Пелистер кој се поврзуваше со трансфер на Ангелов успеа да го договори трансферот на голманот на Вардар Градимир Чаневски. Младиот чувар на мрежата од поодамна му стана јасно дека не е дел од плановите на стручниот штаб по што ја прифати понудата на битолчани.
Металург пак се засили со Раде Мијатовиќ. Црногорецот веќе од денес ќе го стави својот потпис со „металурзите“.
18.09.2013 - 09:49
Фото:
википедиа.мк