ВИДЕО: Новата сезона на ЛШ ќе биде историска - еве зошто

Со натпреварите од првото коло во Лигата на шампиони започнуваат и најдобрите фудбалски натпревари во Европа, но оваа сезона ќе биде посебна. Поточно историска, бидејќи заедно со натпреварите во вторник и среда ќе може да се гледа и младинска Лига на шампиони.

Групите се исти како и класичните натпревари,а и самиот редослед . УЕФА буквално ги воведе младите екипи да патуваат заедно со првите тимови на гости, и многу порано да играат сериозни натпревари.

Младинската Лига на Шампиони (UEFA Youth League) ќе има групна фаза и четири нокаут рунди, а финалето ќе се игра во Нион.

 УЕФА на овој начин ќе придонесе многу млади таленти од европските клубови да  доживеат интернационални клубски натпревари.

17.09.2013 - 11:33

најчитано сега