Ни пристигнува освежување - дожд грмежи и град низ Македонија
Времето во Македонија во повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и со грмежи и засилен ветер, a локално во форма на невреме со услови за појава на град. Повеќе услови за нестабилност ќе има во северните делови.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 26 до 32 степена.
Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во сабота и во недела ќе има изолирана појава на нестабилност, а во почетокот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.