Распишан оглас за концесионер на комплексот „Македонско село“
Министерството за економија распиша оглас за приватни концесионери за менаџирање и стопанисување со комплексот „Македонско село“, лоциран во скопската населба „Нерези“ спорти манастирот „Св.Пантелејмон“.
Целта на огласот е музејот на отворено „Македонско село“ да стане ексклузивна туристичка атракција.
Инаку, „Македонско село“ се простира на површина од 12.194 метри квадратни. Во него се наоѓаат 12 автентични куќи од различни региони на Македонија, како и други придружни содржини, меѓу кои два ресторани, музеј, сувенирница, портирница, мал амфитеатар за организирање конференции... Во комплексот има и посебен дел со селско-стопански содржини - воденица, валавница, трло, штала, рибник... кои идниот концесионер ќе може да ги стопанисува.
Според огласот, во комплексот би се вршела хотелиерска, угостителска, туристичка и занаетчиска дејност, продажба на сувенири, како и производство на храна. Апликациите со план и концепт за работењето треба да се достават до 10-ти следниот месец.