ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се однесува деструктивно и работи на штета на граѓаните

 

СДСМ се однесува деструктивно и работи на штета на граѓаните. Власта ја опструира  волјата на  граѓаните и се плаши од можноста граѓаните да одлучуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Обезбедување на минимум фер услови за демократски избори преку техничка влада и професионална Државна изборна комисија е императив не за партиите, туку за доброто на граѓаните и државата и нејзината европска иднина. Демократски избори со СДСМ на власт не се можни без техничка влада и професионална Државна изборна комисија. Само на таков начин може да се гарантираат демократските услови, бидејќи бевме сведоци на најкриминалните локални избори, кои беа организирани од СДСМ. Граѓаните беа лишени од правото за слободно и непречено изјаснување на својата волја. На локалните избори беа  регистрирани неколку случаи на полнење на кутии со таканаречен метод на бугарски воз, поткупување на гласачи  и заплашување на  граѓамните да излезат да гласаат. Целиот инструмент на државната власт буквално беше ставен во функција на СДСМ. Злоупотребата на државниот апарат не смее да се повтори. На граѓаните не смее да им биде попречувана нивната волја.  Токму затоа условите кои ги бара ВМРО-ДПМНЕ  се неопходни, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека СДСМ ги кочи реформите и плашејќи се од граѓаните не сакаат да се создадат фер и демократски услови за избори.

-СДСМ се плаши од граѓаните и знае дека ако има фер и демократски избори волјата на народот е да паднат од власт, па затоа и ги кочат сите овие процеси за создавање фер и демократски услови за избори. Граѓаните секојдневно ги осудуваат антидржавните политики кои ги води СДСМ почнувајќи од Тиранската платформа, па се до штетниот договор со Грција и економската катаклизма која што ни се случува. СДСМ не смее да биде кочничар на  демократијата, уште помалку преку оправдување на истото преку декларативни заложби за ЕУ и НАТО членство. Членството во овие меѓународни мултилатерани организации се заслужува со напорна работа и  многу реформи за доброто на граѓаните, а не со распродавање на  државните интереси и промена на Уставот, јазикот и идентитетот  на државата. СДСМ повеќе од една година работи на штета на државните интереси. Република Македонија стагнира поради СДСМ. Ова мора  да запре. СДСМ  мора да си замине. Македонија мора да тргне напред, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

09.07.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега