Димовски: Нема да закажам комисија за ДИК додека партиите не дадат зелено светло
„Нема да закажам комисија за избор на членови ДИК додека партиите не се усогласат и не дадат зелено светло“, вели за ТВ 24 претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски.
Тој смета дека залудно ќе ја започне постапката ако партиите не дадат зелено светло, бидејќи нема да успее процесот и потоа ќе треба целата постапка да оди од почеток, со нов оглас, нов рок за кандидатури што би се изгубило дополнително време.
ВМРО ДПМНЕ вчера порача дека за опозицијата да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада во кој ќе влезе пржинската техничка Влада како услов пред секои избори, како што велат било договорено пред ВМРО ДПМНЕ да се врати во Собранието и да да де поддршка за реформските закони.
Рокот за формирање на нова ДИК истече на 29 јуни. Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен за референдумот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа