Алијансата на Албанците: Мицкоски да го смени менталниот склоп, а не да бара амнестија
Остра реакција следуваше од партијата на Зијадин Села, Алијансата на Албанците откако од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе побараат да се амнестираат осудените за настаните од 27. април минатата година во Собрание.
Сметаат дека максималните казни се очекуваат со оглед на тоа што се работи за обид за убиство.
„ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски треба да се оградат од осудените насилници, јавно да му се извинат на претседателот, како и на членството на партијата, а не да се трудат да ги заштитат овие насилници, кои што се обидоа да го убијат лидерот Зијадин Села. Замислете каков парадокс, Мицкоски бара амнестија од Села за оние насилници кои што сакаат да го убијат Села“ - вела од Алијанса на Албанците.
Отаму велат дека е крајно време ВМРО-ДПМНЕ да престане да го попречува патот на земјата кон ЕУ и НАТО и бараат поддршка од опозицијата за евроатланските процеси, Законот за употреба на јазиците и Договорот со Грција.
Од Алијанса за Албанците додаваат дека веќе е крајно време ВМРО-ДПМНЕ да не го попречува патот на земјава кон НАТО и ЕУ.
Од најголемата опозициска партија бараат поддршка за евроатланските процеси, Законот за употреба на јазиците, како и договорот со Грција.
Реакциите за амнестијата доаѓаат по синоќешното гостување на Мицкоски во телевизија Телма. Тој најави подготовка на амнестија бидејќи високите затворски казни кои ги добија осудените од 27. април ги смета за политичка пресметка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа