Мурињо: Не сме непобедливи како во 2004 година

- Не, ова не е 2004 година, не сме непобедливи како тогаш. Мојот тим е поразличен, противниците исто така, конкуренцијата е посилна. Но, ние не сме клуб кој ќе се помири со губење бодови. Не чека напорна работа, а мое е да ги унапредам сегашниве играчи колку што можам повеќе, изјави Жозе Мурињо, тренерот на Челзи, за англиските медиуми.

Во претходното коло Челзи загуби од Евертон со 1:0, и со вкупно седум од можни 12 бодови по четири круга во Премиер лигата се наоѓа на 6.место.

Голем предизвик за Челзи и Мурињо е натпреварот од 1.коло во новата сезона на Лигата на шампионите, кој ќе се игра во среда на домашен терен против Базел

16.09.2013 - 15:55
Фото: 
хитпортал

најчитано сега