Роналдо стана најплатениот фудбалер на светот
Од вчера Кристиано Роналдо стана најплатениот фудбалер на светот, откако потпиша нов договор со мадридски Реал. Во наредните 5 години, до 2018 година, ќе заработува 17 милиони долари по сезона, или 46.575 евра дневно.
Роналдо со кралскиот клуб потпиша договор до 30 јуни, 2018 година, со што на сите заинтересирани клубови им даде до знаење дка својата кариера ќе ја заврши во Реал. Продолжувањето на неговиот договор во наредните пет години Реал Мадрид ќе го чини 125 милиони евра.
„Ова е посебен ден за мене. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, на тренерот, и пред сé, на претседателот Перез. Овој договор навистина ме прави среќен и голема привилегија е што ќе продолжам да бидам дел од овој клуб. Се чувствувам како да ми е прв ден овде и секогаш ќе давам максимум од себе за овој дрес. Се надевам дека овде ќе останам до пензионирање“, изјави Роналдо.
Од неговото пристигнување во 2009, Кристиано постигна 203 гола во исто толку натпревари во дресот на „Бланкосите“ при што стана шести најдобар стрелец во историјата на клубот.