Од почетокот на годинава од шуга се заразиле 42 кумановчани
Четириесет и двајца кумановчани од почетокот на 2013 година побарале лекарска помош затоа што се заразиле од шуга, информираат од кумановскиот Центар за јавно здравје, пренесува Плусинфо.
Минатата година, во првите четири месеци од шуга се заразиле 32 граѓани, додека во првите месеци од 2011 година имало 49 заразени.
Недоволна и нередовна хигиена е причина за појава на шугата, која се пренесува преку директен контакт меѓу луѓето. Симптомите по кои граѓаните можат да препознаат дека имаат шуга се чешањето на кожата и појавата на красти. Со соодветната терапија, шугата брзо се лечи.
ФОТО: Комуникација.мк