Мажи жени и деца го пустошеле Скопје - погледнете што ги снашло овие неуспешни крадци

 

Скопјаните Д.М. (20), M.К. (22), Џ.Р. (41) и малолетната А.Д. (15) сите од Скопје си заработија кривични пријави поради сомнение дека пустошеле низ Скопје.

-Имено пријавените Д.М., неговата невенчана сопруга М.К. и Џ.Р. кривичното дело тешка кражба го извршиле на тој начин што со претходна опсервација на ул. “Митрополит Теодосија Гологанов“ го одбрале локалот 23 сопственост на Г.Г. (во ТЦ “Олимпико“) каде што дошле со ПМВ марка “Рено“ со непознати регистарски ознаки, и незабележани од никого насилно  делувале со голем штравцигер и со силно туркање успеале да ја отворат вратата од локалот влегле внатре и одзеле дел од компјутерска опрема што била сместена на рафтовите во локалот, стои во соопштението од полицијата.

Меѓутоа, крадците “немале среќа“, па на паркингот биле забележани од обезбедувањето на „Олимпико“. Натоварените арамии ги оставиле кутиите со украдени предмети во тревникот близу трговскиот и избегале без нивниот плен. 

На кутиите кои ги оставиле биле пронајдени отпечатоци од раката на Д.М. Полицијата ги привела Д.М. и М.К. кои го признале делото, а Џ.Р. е сеуште во бегство..

Инаку Д.М. заедно со М.К. и малолетната Д.А. како и со друг уште помлад малолетник, минатата недела, тешка кражба во куќа на улицата “Рилски Конгрес“ во Скопје.

-Тешката кражба ја извршиле на тој начин што додека малолетната А.Д. внимавала да не наиде некој во близина на самото возило, а  М.К. чувала стража на другиот агол, Д.М. заедно со детето С.А. ја скокнале оградата од дворот на самата куќа влегле во дворот. Зад куќата на поставена маса која се наоѓала во дворот ставиле столица се качиле на истата и потоа се префрлиле на балконот од куќата, и насилно делувале на балконската врата а потоа со туркање ја отвориле вратата која води во детската соба. Влегле во просториите и извршиле пребарување при што пронашле и одзеле еден лап топ компјутер, дрвена и метална кутија во која имало еден рачен часовник марка “Касио“ и разна бижутерија, стои во соопштението.

И овој пат, крадците биле забележани од соседите кои повикале полиција. „Алфите“ по кратко време ги фатиле арамиите на дело.

 

15.09.2013 - 13:18

најчитано сега