Саем на здрава храна во Богомила

 

Денеска во Богомила ќе се одржи 7. Саем на здрава храна „Поблиску до природата“. Саемот е организиран од општината и ООУ „Петре Поп Арсов“ и има хуманитарен карактер.

Локални земјоделци на Саемот ги презентираат и продаваат земјоделски производи од регионот на Општина Чашка, кој важи за еколошки и произведува здрава храна. Посетителите ќе можат да вкусат и локални специјалитети од овој регион.

Саемот на здрава храна првпат се одржа во 2007 во селото Богомила ,а наредните години во селата Извор, Теово, Согле, Богомила и Оморани.

15.09.2013 - 11:24

најчитано сега