Фридом Хаус: Медиумите во Македонија се делумно слободни

 

 

На овогодинешниот извештај на организацијата Фридом хаус за слобода на медиуми, Македонија се најде на 120. место, додека Србија напредуваше за едно место и се наоѓа во групата на делимично слободните држави, на 74. место заедно со Унгарија и Црна Гора.

Словенија се најде на 40. место и е единствена држава од регионот која е оценета како слободна во овој извештај на Фридом Хаус.

Бугарија, пак, е на 77. место, Хрватска на 81. место, Грција на 83, додека Босна и Херцеговина, Албанија и Косово се на 96. место.

Македонија заедно со Турција се најде на 120. место. 

Кога станува збор за источна Европа и Евроазија, Србија е на осмо место, додека најдобро се рангирани Словачка, Чешка и Естонија.

Најголема слобода на медиумите во светот се Норвешка и Шведска, кои се најдоа на првото место, а веднаш зад нив се Белгија, Финска и Холандија.

Данска, Луксембург, Швајцарија, Андора, Исланд и Лихенштајн на овогодинешниот извештај се во првите десет земји.

најчитано сега