Докузовски: Прво смена во КФМ па ќе се вратам како селектор
Селекторот на макеоднската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски со кој освоиме четврто место на ЕП во Литванија, изјави дека никогаш повторно нема да седне на клупата на репрезентацијата се додека раководството на КФМ е со ваков состав. Истиот овој КФМ не го испочитува човекот добитник и на наградата за животно дело од областа на спортот „8 септември“. Во интервјуто за порталот „Точка“, Докузовски се обиде да ја објасни својата вистина за неговото заминување.
- Од 20-ти септември 2011 до 5-ти јануари 2012, Марин Докузовски немаше никаков контакт со никого од федерацијата. Тие три и пол месеци никој не ме праша кај сум, од што живеам. Јас морав да барам нова работа, па кога потпишав договор со бугарски Лукоил, ми се јави претседателот на КФМ. Значи јас во тие моменти бев под договор и веќе не можев да ја менувам таа одлука, но и покрај тоа се договоривме да бидам советник и да помагам на репрезентацијата, меѓутоа ни од тоа не стана ништо. Од кои причини не знам...
...На сите ќе им стане јасно кои се моите односи со федерацијата само ако се запрашаат како можеше да не ме поканат да присуствувам на 20 годишнината на македонската репрезентативна кошарка, а не пак да ми доделат некое признание. Мислам дека јас сепак сум заслужил да бидам присутен на таа церемонија. Меѓутоа тие со тоа покажаа што мислат за мене, вели Марин Докузовски.
На прашањето дали некогаш ќе се врати на кормилото на репрезентацијата, поранешниот селектор категоричен:
- Да, би се вратил меѓутоа не додека овие луѓе се на чело на КФМ, вели Докузовски.