Лазаров: Мечот со Вардар ќе биде нешто посебно за мене

 

Попладневно нашиот најдобар македонски ракометар ќе го одигра својот прв официјален меч од АСОБАЛ лигата во дресот на кталонскиот тим Барселона. Лазаров ќе има можнст да се покаже во најдобро издание против тимот на Енкантада. Неоговиот клуб во овој меч ќе влезе како апсолутен фаворит за титулата. Овој натпревар ќе биде увертира за мечот од првото коло во ЛШ каде токму во Скопје Барса ќе ги вкрсти копјата со Вардар. 

- Наредната недела мечот со Вардар ќе биде посебен за мене. Ракометот во мојата земја е многу популарен спорт, репрезентација учествува на сите големи собири, сега две екипи од ист град за прв пат играат во Лигата на шампионите. Мечот против мојот брат е исто така посебен за мене, посебно што тој е и капитен на таа екипа - вели Лазаров во првото интервју што го даде за „Барса ТВ“.

Лазаров не го крие задоволство што по заминувањето од Атлетико Мадрид и понатаму игра во Шпанија во која според него се игра најинтелегентниот ракомет.  

- Ние треба да го искористиме фактот што имаме супер екипа и да играме забавен ракомет и да привлечеме што е можно повеќе гледачи. Имам искуство од настапи во Унгарија, Хрватска, Македонија и можам да ви кажам дека во Шпанија се игра многу квалитетен ракомет. Овде се трча, се размислува и тактички се игра на високо ниво. На пример германската лига исто така е квалитетна, но таму не се размислува толку, се трча и се шутира. За мене ракометот е спорт на интелигентни луѓе. Мечевите во АСОБАЛ лигата ќе ни послужат многу во обидот да се подготвиме за нашата главна цел - освојување на Лигата на шампионите - истакнува македонскиот „бомбардер“.

Лазаров упати низа комплименти и на адреса на тренерот Хави Пасквал, кому му се заблагодари за укажаната доверба да игра и в одбраната.  

- Други работи научив штом дојдов тука и мислам дека сме екипа која треба повеќе да размислува за себе си, отколку за противничката екипа. За Пасквал можам да кажам дека ми даде доверба да играм во одбрана. И тој и Талант се два големи тренери од кои може многу да се научи и веќе многу научив. Едниот е бивш голем ракометар кој размислува во одредени ситуации како да најде решение, а вториот Паски можам да ви кажам дека практично 25 часа дневно размислува за ракометот - истакна Кире за „Барса ТВ“.

14.09.2013 - 12:05

најчитано сега