Само додадете ја во чаша вода: Топи килограми, го штити срцето, спречува дијабетис

Вода со краставица е хит напиток откако манекенките го прогласија за најдобро решение за губење на вишокот килограми, но ретко се споменуваат и здравствените придобивки при конзумирање на овој напиток.

1. Проблеми со срце

Паметниот план на исхрана во комбинација со вода со краставица има моќ да ви го заштити срцето. Водата со краставица го намалува крвниот притисок и така се намалува ризикот од срцеви заболувања.

2. Поголеми мускули

Овој пијалак ги храни мускулите со потребните хранливи состојки, па ако сакате да бидат поразвиени, во текот на денот консумирајте барем 2 чаши од овој пијалак.

3. Хронични болести

Некои од нив се дијабетес, Алцхајмер, болест на очите... Краставиците се полни со антиоксиданси кои ја подобруваат функцијата на мозокот, го намалуваат стресот и го спречуваат настанувањето на болести врзани со стареењето.

4. Поздрави коски

Остеопорозата денес е една од најопасните состојби кои може да ве погоди без оглед на годините, а доведува до кривење на коските и болки. Краставицата нема да ја излечи остеопорозата, но може да ги зајакне вашите коски со високото количество витамин К.

5. Свежа кожа

Овој пијалак ќе ја хидрира, тонира и ќе ја смири вашата кожа, затоа што краставицата е богата со силициум кој се користи при третманите за лечење акни. Водата со краставици е богата со антиоксиданси кои и одговараат на вашата кожа.

6. Детоксикација

Водата со краставица е еден од најдобрите пијалаци за детоксикација. Содржи доволно влакна и вода за да ви го исчисти целото тело.

Како да го ја подготвите?

Во 2 литри вода ставете исчистена, исечкана краставица со кора и оставете ја да отстои неколку часа во фрижидер.

Пијалакот може да го консумирате наутро или во текот на целиот ден. Нема никакви штетни влијанија затоа што е 100% природен.

 

 

 

05.06.2018 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега