Вељаноски го честита еврејскиот празник Јом Кипур

 

Спикерот Трајко Вељаноски денеска упати честитка до Еврејската заедница по повод еврејскиот празник Јом Кипур. Во својата честитка до претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо-Николиќ, Вељаноски упатува желби за мир, среќа и љубов.

- Во овие празнични мигови бидете исполнети со духовен мир, надеж и со убави и чисти мисли. Силно сум убеден дека заеднички можеме да го одиме патот кон просперитетот и развојот на нашата држава. Преспективна иднина за нас и нашите деца можеме да имаме само ако меѓусебно се почитуваме, безусловно се подржуваме и заеднички да ги делиме вредностите на разбирањето, мирот и толеранцијата, стои во честитката од Вељаноски. 

14.09.2013 - 10:25

најчитано сега