Анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“: Мнозинството граѓани имаат позитивно мислење за Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски има подобар рејтинг од премиерот на државата, Зоран Заев. Ова го покажуваат резултатите од телефонската анкета која ја спроведе институтот „Димитрија Чуповски“
42,2 отсто од граѓаните имаат позитивно мислење за Мицкоски, 25,1 проценти од испитаниците одговориле негативно, додека 32,7 со „не знам“.
Во однос на премиерот Зоран Заев, негативно одговориле 44,3 отсто од испитаниците, додека позитивно 35,5 проценти. Со „не знам“ одговориле 20,2 отсто од испитаниците.
Телефонската анкета е спроведена меѓу 25 и 28 мај годинава на 1030 испитаници со цел да се утврдат перцепциите на македонските граѓани за рејтингот на политичките партии и личност.
– Во истражувањето спроведено на ниво на Република Македонија, беа опфатени сите шест изборни единици, како и повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а исто така беше направена поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина, велат од Институтот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа