Ракометниот шампион Вардар домаќин на Партизан во СЕХА лигата

 

Во рамките на 2-то коло од регионалната СЕХА лига македонскиот ракометн шампион Вардар ќе му биде домаќин на Партизан од Белград.

Натпреварот со српскиот претставник е добра можност „црвено-црните“ да ја запишат првата победа, откако во 1.коло одиграа нерешено со Металург.

„Очекувам победа на овој натпревар. Во овој момент Партизан има подмладен тим, но тоа е клуб кој лани играше во Лигата на шампионите. Ние ќе имаме добар тест пред натпреварот од 1.коло во Лигата против Барселона на домашен терен. Екипата мора да игра на два фронта, а јас се надевам дека уште утре ќе ја постигнеме првата победа во СЕХА лигата“, изјави на денешната прес-конференција тренерот  Зоран Кастратовиќ.

Во составот на Вардар најавена е една промена. За разлика од натпреварот со Металург, на голманската позиција на местото на Златко Даскалоски ќе биде 38-годишниот Шпанец Инаки Алдаве Малумбрес.

 Натпреварот Вардар - Партизан ќе се одигра во реновираната сала „Кале“ со почеток од 17 часот и 45 минути.

13.09.2013 - 14:28
Фото: 
Кајгана

најчитано сега