СДСМ: Со напуштањето на Собранието ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека не се грижат за граѓаните
Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска реагираат бидејќи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата, по пресудата за Груевски.
Интегрално соопштение во продолжение:
Со напуштањето на собраниската седница ВМРО-ДПМНЕ потврди дека е несериозна и не мисли на граѓаните, СДСМ се однесува државнички и одговорно
ВМРО-ДПМНЕ денеска побегна од директно соочување на аргументите во Собранието и ја напушти седницата на која се разгледуваат важни прашања за граѓаните.
Во ист ден претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев излегува на јавно соочување со Христијан Мицкоски, нешто што не беше замисливо последните 11 години во Македонија.
Со ваквиот начин на однесување се потврдија две клучни работи:
ВМРО ДПМНЕ е несериозен политички субјект кој воопшто не мисли на интересите на граѓаните туку дејствува за лични и партиски интереси.
СДСМ и нејзиниот лидер, Зоран Заев, се однесуваат сериозно кон интересите на граѓаните и на државата и дејствуваат државнички и одговорно.
Тоа е суштинска разлика!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа